Познатата кулинарска инфлуенсерка Марта Гарсија, попозната по прекарот Буки, веројатно никогаш не сонувала дека социјалните медиуми ќе ѝ го променат животот.
Но, таа го заслужи тоа со својата работа. Таа има 400.000 следбеници на Инстаграм и 500.000 на ТикТок, а Џорџина Родригез, сопругата на славниот Кристијано Роналдо, исто така ја забележала онлајн.
Џорџина, во консултација со Роналдо, ја контактирала познатата Шпанка и ѝ предложила неверојатна бизнис идеја.
„Тој сака да му бидам личен готвач за да можам да одам со него седум дена на неговата јахта на Ибица“, рече Буки во поткаст.
Таа откри и дека познатиот Португалец ѝ понудил милион евра за работата.
„Џорџина навистина обожава да јаде. Мора да ме видела на социјалните мрежи“, рече инфлуенсерката која ја прифатила „неморалната“ понуда.
„Ако сакаат стек во два часот наутро, ќе станам во два часот наутро и ќе им го зготвам. Тоа може да биде особено тешко бидејќи ќе патуваат како семејство, вклучувајќи ги и малите деца кои можеби имаат големи желби. Ќе биде спектакл“, објасни Буки.