Поранешниот дефанзивец на клубот Рио Фердинанд му помогна на Манчестер Јунајтед да го ангажира Лени Јоро, пренесува „Атлетик“. Шесткратниот шампион со „црвените ѓаволи“ лично го убедил 18-годишниот Французин да го избере „Олд Трафорд“ пред Реал Мадрид.
Јоро го финализираше својот трансфер во Јунајтед во четвртокот вечерта, кој е за вкупна сума од 62 милиони евра.
Во еден од промотивните клипови со дефанзивецот, самиот Рио се јавува на телефон за да го пречека новото засилување. Тогаш се слуша како член на персоналот од тимот на клубот му кажува дека ќе разговара со човек со кој веќе многу пати разговарал – Фердинанд.
„Лени, Лени, Лени! Како си брат? Слушај, честитки и добредојде во Манчестер Јунајтед. Ти посакувам се најдобро. Знам дека ќе работиш напорно затоа што тоа е тајната, човеку: напорна работа, работа, работа на сите аспекти од твојата игра. Имаш потенцијал, имаш услови (…) Среќно!“ вели Рио Фердинанд во самото видео интервју.
На сето ова, тинејџерот одговара: „Луда работа“.
💌 @RioFerdy5 🤝 @Leny_Yoro
#MUFC pic.twitter.com/A5b2GfYKRI— Manchester United (@ManUtd) July 18, 2024
Според „Атлетик“, за нереализираната зделка со Лил е виновен и Реал Мадрид, бидејќи европскиот шампион понудил само 25-30 милиони евра.
Логично, Лил ја избра понудата на Манчестер Јунајтед, која е околу двојно поголема.