Српската музичарка Драгана Шариќ, попозната како Беби Дол, е снимена во Паркот на Пионерите во Белград меѓу поддржувачите на Александар Вучиќ, а снимката го привлече вниманието на јавноста.
Таа е снимена меѓу „студентите кои сакаат да учат“, го пее нејзиниот хит „Hajde da…“.
Во еден момент ја повикале да се фотографира со нив, а таа се чувствувала непријатно па рекла: „Не сакам да се фотографирам“.
На социјалните мрежи беа објавени бројни коментари во врска со легендарната музичарка.
„Била испратена од својот пријател Жељко Митровиќ (газдата на ТВ Пинк) за да добие пари за да преживее. Благодарение на него, таа преживува сите овие години. Се влечеше наоколу на неговите реални шоуа. Тажен крај“, „Еве, деца, ова е пример за тоа што дрогата му прави на човекот. Ова некогаш беше одличен, креативен уметник. Денес, таа не знае каде е и која е. Премногу тажно“, „Каков пад! Тажно“, „Немаат срце ни душа, користат беспомошни и болни луѓе“, се некои од нив.
Долго време нашироко се пишуваше дека таа се повлекла од очите на јавноста поради нејзината зависност од дрога. Српските медиуми претходно објавија дека таа живее во подрум и јаде во народна кујна, што таа негираше.
„Еве ме во моето маало во мојата прекрасна куќа. Не би се срамела да сум во народна кујна, не дај Боже, но не сум. Се грижам за моето семејство, за мајка ми и не знам од каде им се такви работи на луѓето“, изјави таа за Блиц.рс.