📽Мејведер за Божиќ на својот внук (2) му купил зграда на Менхетен за 20 милиони долари

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Пензионираниот боксер Флојд Мејведер Џуниор (47) за Божиќ на својот двегодишен внук Кентрел Голден му купил зграда на познатата Шеста авенија во Менхетен, Њујорк.

Објектот се наоѓа во т.н „Diamond district“ на раскрсницата на Шестата авенија и 47-та улица.

Во зградата има деловни простории и канцеларии, продавници со дијаманти, а на него има и голема рекламна табла.

„Кога бев млад, пазарев во таа продавница, не можев ни да сонувам дека еден ден ќе бидам сопственик на тоа место. Се е можно кога си посветен и работиш напорно”, изјавил Мејведер во оваа прилика.

Според информациите на светските медиуми, зградата го чинела 20 милиони долари.

Слични содржини