📽Меси постигна чудесен гол по само две минути игра, и му го посвети на Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Фудбалерите на Интер Мајами ја совладаа Филаделфија Унион со 2-1 во дербито за првото место во Источната конференција на МЛС со уште еден чудесен гол на Лионел Меси.

Интер поведе во 23. минута со голот на Роберт Тејлор, а моментот кој нетрпеливо го чекаа навивачите на тимот од Мајами се случи во 55. минута кога Тејлор излезе од теренот и беше заменет од Лионел Меси.

Меси го пропушти тренинг кампот на репрезентацијата на Аргентина поради повреда на адукторот, а неговиот настап против Филаделфија беше под сериозен сомнеж.

Сепак, тој се опорави доволно за да игра околу половина час, а тоа беше доволно за да блесне. Поточно, тој ја покажа својата магија само две минути по влегувањето во игра.

Интересна прослава на гол имаше и Меси. Откако тренираше со соиграчите, по пристигнувањето до централниот терен, тој се сврте кон публиката и му го посвети голот на Новак Ѓоковиќ со фингирање на удар со форхенд.

Слични содржини