📽Мијура нема намера да застане: На 57 години потпиша нов договор

од Vladimir Zorba
85 прегледи

„Кралот Казу“ нема намера да ги закачи копачките ниту на 57 години. Казујоши Мијура, најстариот професионален фудбалер во светот, следната сезона ќе игра за Атлетико Сакура, јапонскиот четвртолигаш.

„Ќе играм барем до 60 години, само ако ме послужи здравјето како што беше случај досега“, изјави Мијура минатиот мај кога го облече дресот на португалскиот Оливеиренсе.

Напаѓачот, роден на 26 февруари 1967 година, стана професионалец на 19-годишна возраст во бразилскиот Јувентус. Играше за Сантос, Палмеирас, Мацубара, ЦРБ, „15. де жау“, Коритиба, Верди, Џенова, Динамо Загреб, Кјото, Визел Кобе и од 2005 година е под договор со Јокохама. Беше на позајмица во Сиднеј, па Сузуки, Оливеиренсе и сега ќе игра за Атлетико Сакура.

Осум години (1990/98) го носеше дресот на Јапонија, постигна 53 гола на 84 натпревари и е симбол на земјата на изгрејсонцето.

Слични содржини