Жозе Мурињо, тренерот на Фенербахче, ја воодушеви турската јавност по мечот од локалниот Куп во кој неговиот тим убедливо го совлада Касимпаша со 3:0.
Избраниците на португалскиот стратег немаа тешка задача, бидејќи нивниот ривал претежно имаше играчи од јуниорскиот ранг.
По натпреварот сите беа импресионирани од потегот на Мурињо, кој по последниот судиски знак им пријде на играчите и тренерот на Касимпаша и одржа краток мотивациски говор на теренот.
Можете да видите како тоа изгледало:
Maçın ardından teknik direktör Jose Mourinho, Kasımpaşalı futbolculara bir konuşma yaptı. pic.twitter.com/NWWrdlkUTY
— Ceyhun Samet Yüksel (@ceyhunsamety) January 9, 2025
Фенербахче на тој начин ја продолжи својата серија од четири натпревари без пораз во сите натпреварувања.