Безбедноста при работа на зградите на Фатмир Етеми кај бензинската „Макпетрол“ во скопски Карпош е на застрашувачко ниво.
Граѓани до нашата редакција испратија видеа во која се гледа како се префрлаат материјали со градежна механизација, а под нив има улица на која постојано поминуваат граѓани и возила.
Протести против изградбата на коплексот висококатници зад бензиската на „Макпетрол“ минатат година имаше во организација на „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ со подршка на голем дел граѓански организации и здруженија. Партијата Левица исто така организираа протест во близина на градилиштето но градењето продолжува без никакви проблеми.
Од локалната самоуправа на чело со градоначалникот Стевчо Јакимовски ги отфрлуваат тврдењата на советниците од Независни за Карпош и на Левица, истакнувајќи дека сите работи што ги кажуваат во врска со изградбата на станбениот објект во Карпош 3 се „неточни, невистинити, обична манипулација и бесчувствителна лага со цел ако може да се украде од народот некој ефтин политички поен“.
Видео/Фото: „Локално“