📽Неверојатни сцени од Сирија: Погледнете како изгледаат патиштата кои водат кон Дамаск

од Vladimir Zorba
388 прегледи

Снимки од дрон покажуваат дека доцна во неделата, на патиштата што водат кон Дамаск, како и во спротивна насока, се формирале долги колони возила, откако сириската престолнина беше ослободена од режимските сили.

Сиријците кои со години го чекаа падот на режимот на Башар ал Асад се упатија кон главниот град, кој во неделата беше ослободен од сириските опозициски борци. Ослободувањето на Дамаск и другите сириски градови беше прославено низ земјата и регионот, но и светот, а многу Сиријци почнаа да се враќаат во својата татковина од соседен Либан.

Сирија веќе 13 години е сцена на граѓанска војна, а по период на релативно затишје, на 27 ноември повторно избувнаа судири меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските групи во руралните области западно од Алепо.

Опозициските сили потоа започнаа молскавична офанзива и за десет дена ги освоија клучните градови, што заврши со заземање на главниот град Дамаск утринава.

Руското Министерство за надворешни работи во неделата соопшти дека Асад сам донел одлука да се повлече и да ја напушти Сирија. Подоцна беше објавено дека Асад и неговото семејство пристигнале во Москва бидејќи Русија им дала азил.

Слични содржини