На интернет се појави видео од атентатот на руски генерал во Москва.
На видеото се гледа како тој и неговиот помошник ја напуштаат зградата, а во близина има електричен тротинет во кој наводно имало експлозивна направа.
Направата била активирана од далечина, потврдија руски безбедносни извори за државната новинска агенција ТАСС.
A video of Ukraine’s special operation to eliminate high-ranking Russian General Kirilov in Moscow has surfaced online.
The footage shows he and his assistant exiting a building, with the infamous scooter nearby. As they enter the blast zone, the scooter explodes. pic.twitter.com/R9CtkP72fA
— KyivPost (@KyivPost) December 17, 2024
Медведев најави одмазда
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност изјави дека Украина ќе се соочи со „одмазда“ за убиството на Игор Кирилов.
Дмитриј Медведев, клучен сојузник на Владимир Путин, изјави за РИА Новости: „Воено-политичкото раководство на режимот во Киев ќе се соочи со неизбежна одмазда за убиството на Кирилов. Сфаќајќи ја неизбежноста на неговиот воен пораз, тој започнува кукавички и презирни напади врз мирните градови“.