📽По 369 дена: Нејмар се врати на теренот

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Бразилската ѕвезда Нејмар и официјално се врати на терените! Бразилецот настапи за неговиот тим Ал-Хилал во нивната драматична победа од 5-4 над Ал-Аин во азиската Лига на шампиони.

Нејмар беше надвор од терените 369 дена додека се опоравуваше од тешката повреда на коленото.

Напаѓачот се врати во игра како замена во 77. минута од натпреварот.

Тој доби бурни аплаузи од навивачите на стадионот, вклучувајќи го и неговото семејство.

Слични содржини