Фудбалерот на Ал-Хилал, Нејмар изјави дека се надева дека нема да биде долго надвор од теренот откако повторно се повреди на вчерашниот натпревар од 4. коло на азиската Лига на шампиони против Естегал, пренесуваат тамошните медиуми.
Нејмар го започна натпреварот од клупата и во игра влезе дури во вториот дел, поточно во 58. минута, но поради повреда на мускулот беше заменет во 87. минута.
O momento que o Neymar sentiu…pic.twitter.com/RIdOXBxgSw
— Curiosidades Brasil (@CuriosidadesBRL) November 4, 2024
„Почувствував грч, но многу силен. Ќе направиме прегледи и се надевам на најдоброто. Нормално е ова да се случи по пауза од една година, лекарите веќе ме предупредија. Затоа морам да бидам внимателен и да имам поголема минутажа на теренот“, рече Нејмар.
Бразилскиот фудбалер се врати на терените на 21 октомври на мечот меѓу Ал-Хилал и Ал-Аин во азиската Лига на шампиони по повеќе од една година пауза поради операција на коленото, па тоа беше причината поради која не сакаше да продолжи да игра.