📽„Поминав низ пекол“: Израелка ослободена од канџите на Хамас сподели шокантна исповед

од Stefanija Kuzmanovska
1,2K прегледи

Јошевед Лифшиц (85), една од ослободените Израелки од Појасот Газа, детално опишала како била киднапирана од вооружени лица на Хамас на мотори.

Лифшиц на прес-конференцијата рече дека „поминала низ пекол“.

Таа објасни дека членови на Хамас ја донеле во Газа преку капијата, а поради возењето добила модринки, пренесе Би-Би-Си.

Таа истакнува и дека имала проблеми со дишењето.

Лифшиц додава дека израелската влада потрошила милијарди на граничната ограда – но не направила ништо за да го спречи Хамас да ја премине.

Јошевед потоа била принудена да пешачи неколку километри по влажна земја, вели нејзината ќерка Шерон, која ѝ помогнала на нејзината мајка да ги раскаже деталите.

Шерон опишува „огромна мрежа“ од подземни тунели управувани од Хамас, кои ги споредува со „пајакова мрежа“.

Таа на конференцијата рекла дека киднаперите ѝ го зеле часовникот и накитот на нејзината мајка.

„Кога се симнала од моторот, луѓето кои ја пречекале ѝ рекле дека веруваат во Куранот и затоа нема да ја повредат“, рекла Шерон.

Таа вели дека по два-три часа пет лица ја одвоиле во посебна просторија и дека тоа биле чувари, болничар и лекар.

Слични содржини