Ислам Дудаев, Русин кој настапува за Албанија, стана главна тема во Србија. И тоа не поради бронзата што ја освои во борење, туку поради самата прослава.
Дудаев е роден и израснат во Русија, но спортот го пресели во Албанија, која ја претставува. Откако ја доби битката за бронза, со рацете симулираше двоглав орел.
🇦🇱 🔥 Shqiperia shkelqen ne Paris!
Islam Dudaev, the Eagle star 🌟 of Albania 🇦🇱 #teamalbania #olimpicgames2024 #medal 🥉 https://t.co/XW5ZorUdoP pic.twitter.com/zFN9xPVC3F
— Keta S. Godas Kuq e Zi! Autochthonous 👐🦅🇦🇱🦅👐 (@KetaSotire) August 11, 2024
Ваквата прослава сериозно ги налути сите во Србија, кои веднаш го осудија неговиот потег. Српските медиуми тој потег го нарекоа голем скандал.
Интересно, Дудаев настапуваше за Русија до 2020 година, но потоа реши да го смени спортското државјанство, веројатно поради подобрите услови.