📽Руте: Земјите на НАТО треба да ги зголемат трошоците за одбрана, Украина е приоритет

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Земјите на НАТО треба да ги зголемат трошоците за одбрана, а трансатлантските врски во алијансата мора да бидат „силни“, изјави денеска Марк Руте, новиот генерален секретар на НАТО.

За време на заедничката конференција со Јенс Столтенберг, кого го наследува како генерален секретар на НАТО, Руте додаде дека Украина останува приоритет на алијансата.

Тој додаде дека не е загрижен за исходот на изборите во САД, бидејќи, како што наведе, НАТО ќе соработува со кој било кандидат – американскиот потпретседател Камала Харис или поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку победат.

Слични содржини