Во главниот град на Србија за денеска е планиран митинг на владејачката партија на чело со Александар Вучиќ, а ден пред митингот, поточно во петок навечер, оние што се подготвувале да ја поддржат актуелната власт од тезги земале храна и пијалоци, а според очевидци се вратиле по повеќе намирници.
На неколку дена пред денешниот митинг, пред Собранието на Србија беа поставени шатори, штандови за храна и јавни мобилни тоалети.
Минувачите и оние што биле принудени да минуваат низ овој дел на Белград вчера забележале дека ветерот носи шатори, но фотографирале и штанд за кифли „залепен“ до јавни тоалети, пренесува Нова.рс.
Ovako su oni koji vole predsednika, pokrali besplatne sokove👇 pic.twitter.com/xEZJ8YcD9i
— 𝓐𝓵𝓮𝔁 (@whitesnake1004) April 12, 2025
Меѓутоа, во петокот вечерта, поединци кои присуствуваа на вчерашниот собир, кој е почеток на тридневниот митинг, беа снимени како одземаат бесплатна храна и пијалоци.
На видеата што ги објави една жена на својот X профил, можете да видите како некои луѓе одземаат пакувања со сок.