📽Страшни сцени во Формула 1: Болид смачкан, возач едвај се спаси од пламен и си го спаси животот

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Третиот тренинг за Големата награда на Холандија во Формула 1 шампионатот го одбележа тешка несреќа за возачот на Вилијамс, Логан Сарџент, кој едвај си го спаси животот.

Сарџент ја закачи тревата со десното предно тркало и целосно изгуби контрола над автомобилот, кој удри во ѕидот и беше искршен на парчиња.

Од него потоа почна да се шири чад, а многу брзо целото возило беше во пламен. Реагираа чуварите и го изгаснаа пожарот со помош на противпожарни апарати.

За среќа, Сарџент успеа да побегне без сериозни последици.

– Добро сум – му се обрати на својот тим преку радио, по што на сите им олесна.

Еве како изгледаше инцидентот:

Слични содржини