📽Студентка држеше говор во Белград, жена се обиде да и го одземе микрофонот

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Ние сме тука затоа што се бориме за вистинските вредности, транспарентност и отчетност на сите кои управуваат со нашата иднина, порачаа студентите на белградскиот универзитет на денешниот масовен протест во главниот град на Србија.

Собирот течеше без посериозни инциденти, а студентското обезбедување и полицајците во цивил изолираа жена која се обидела да го одземе микрофонот од рака на студентка за време на нејзиниот говор во Славија.

Сите централни белградски улици се преполни со луѓе, а официјалниот дел од собирот, кој формално почна пред Собранието на Србија, е преместен на плоштадот Славија, каде студентите им се обраќаат на граѓаните кои ги поканија на денешниот протест.

Слични содржини