📽Тинејџер со дриблинг го седна Винисиус на под, како реагираше ѕвездата на Реал?

од Vladimir Zorba
102 прегледи

ВИНИСИУС ЈУНИОР се приклучи на аматерски футсал натпревар во Рио де Жанеиро, а она што се случи во еден момент од тој натпревар стана хит кој беше споделен на социјалните мрежи и за кој пишуваат светските медиуми.

Ѕвездата на Реал Мадрид и за многумина најголем кандидат за Златната топка, беше немоќен во одбраната против неименуван тинејџер кој по дриблинг го седна на подот.

Винисиус не го прифати горко „моментот на срам“, како што го опишуваат падот на грб дел од англиските медиуми. Откако станал од подот, му ја подаде раката на тинејџерот кој со дриблинг се ослободи од него и поради што падна.

Видеото брзо стана вирално со многу коментари за непознатиот тинејџер и неговата постапка.

Слични содржини