Вонредна состојба е прогласена во американските сојузни држави Кентаки, Вирџинија, Канзас, Арканзас и Мисури поради обилниот снег и мраз.
Во неколку сојузни држави беше издадено предупредување за невреме, во 30 држави беше прогласена „вонредна состојба“, а на граѓаните им беше препорачано да останат внатре.
Откажани се околу 1.500 летови низ САД, а околу 2.000 летови се одложени. Покрај тоа, откажани се и некои железнички линии.
Се очекува дека околу 62 милиони луѓе низ САД ќе бидат погодени од тешки зимски услови.
Според американската Национална агенција за океани и атмосфера (НОАА), се очекуваат најобилните снежни врнежи во последната деценија.
Во областите каде што е претопло за снег и мраз се очекуваат силни грмежи.
FOX Weather Meteorologist Kendall Smith was reporting on conditions from Kansas City when her live shot was interrupted by a snownado. A powerful and dangerous winter storm is producing heavy snow and crippling ice as it sweeps across the U.S. More: https://t.co/N86wz9Zl1u pic.twitter.com/tUee7eIq2C
— FOX Weather (@foxweather) January 5, 2025
Невремето започна во саботата попладне поттикнато од бран влажен воздух кој се движи северно од Мексиканскиот залив.
Најобилни количества снег се предвидуваат во најстудените области, најверојатно во делови од Мисури, Илиноис, Индијана, Охајо и Западна Вирџинија.