1,7 милиони луѓе вакцинирани во Пекинг

од Vladimir Zorba

Скоро 1,7 милиони луѓе се вакцинирани против коронавирус во кинескиот главен град.

„Чајна дејли“ известува дека повеќе од 8.700 здравствени работници учествувале во акцијата за имунизација што започна на 1 јануари.

Скоро 1,7 милиони луѓе од приоритетни категории на население се вакцинирани во 205 центри за вакцинација низ Пекинг.

Кинеската национална здравствена комисија на 14 јануари соопшти дека повеќе од 10 милиони луѓе биле вакцинирани против коронавирус низ целата земја.

Поради зголемениот број на новоинфицирани лица во една населба во Пекинг, беше прогласена вонредна состојба на 27 декември 2020 година, по што околу 800.000 луѓе беа тестирани за присуство на коронавирус.

loading...

Слични содржини