Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и поранешен близок соработник на Слободан Милошевиќ, Ивица Дачиќ во авторскиот текст за Вечерње новости напиша дека десетте години од смртта на Милошевиќ е малку за историски суд, но дека сите негови соработници и партнери денес знаат дека без него не би ја имало оваа поинаква Србија.
– Новиот век започна без него (Милошевиќ) како политичар, но првите десет години од новиот милениум ги одбележа, покрај трагичниот крај на (убиениот во атентат во 2003 година премиерот Зоран) Ѓинѓиќ и смртта на Милошевиќ“, оценува Дачиќ.
Според Дачиќ, Србија изгледа поинаку и е се поблиску до Европската унија, со доверба и почит стекнати во светот, пријателство со Русија и преговори со Приштина.

На гробот на Слободан Милошевиќ во неговиот роден Пожаревац венци и цвеќе положија и почесниот претседателот на СПС, Милутн Мркоњиќ, претседателот на Движењето на социјалистите (ПС) и министер за труд и социјална грижа Александар Вулин, поранешниот соработник на српскиот претседател и осуденик во Хаг и поранешен премиер на Србија, Никола Шаиновиќ, познатиот адвокат тома фила, како и челникот на Српската радикална партија (СРС), исто така, обвинет во Хаг, Воислав Шешељ.
– Вистината за Милошевиќ е во овој народ доволно долго и доволно длабоко и таа не може да се промени“, вели Вулин чие Движење на социјалистите е дел од владејачката Српска напредна партија (СНС).
Вулин смета дека Милошевиќ занел да згреши во изборот на своите пријатели, но дека „непријателите непогрешливо го бира него“. „Милошевиќ го напаѓаа поради Србија, а не ја напаѓаа Србија поради Милошевиќ“, вели Вулин кој смета дека семејството на Милошевиќ треба да се врати во Србија и „да добие барем елементарна претпоставка за невиност како и секое друго човечко суштество“.

Милошевиќ почина од инфаркт во притворот на Хашкиот трибунал во текот на судењето за воени злосторства и злосторства против човечноста на територијата на поранешна Југославија. Тогашните српски власти не дозволија да биде погребан во Белград со државни почести, а е закопан во дворот на семејната куќа во родниот Пожаревац, во самрак, а на погребот не присуствуваше никој од членовите на потесното семејство, бидејќи „не добија доволно гаранции за нивната безбедност“.
На погребот на Милошевиќ присуствуваа највисоките функционери на неговата СПС, освен Ивица Дачиќ која подоцна стана претседател на СПС тогашниот заменик ан СРС и сегашен претседател на Србија, Томислав Николич, потпретседателот на руската Комунистичка партија, Генадиј Зјуганов, пратеникот од руската Дума, Сергеј Бабурин и генералот Леонид Ивашов, како и поранешниот американски државен секретар Ремзи Кларк.
Како пресврт во дотогаш незабележителната политичка кариера на Слободан Милошевиќ се смета неговиот говор од 28-ми јуни 1989 година на Газиместан, на одбележувањето на 600 години од Косовската битка што се смета за почеток на великосрпските претензии за проширување за сметка на другите републики во тогашна СФРЈ, а неговото владеење го одбележаа кусиот судир во Словенија, војните во Хрватска и Босна и Херцеговина, и на крајот судирот во поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија и бомбардирањето на НАТО врз тогашна СР Југославија, од која подоцна истапи Црна Гора.
Каки претседател на СПС двапати беше на претседателското место во Србија.
Милошевиќ беше уапсен на 1-ви април 2001 година под обвинение за злоупотреба на службената положба, врз основа на уредба на владата на Србија, предаден му е на Хашкиот трибунал на 28-ми јуни 2001 година.
На Трибуналот судењето на Милошевиќ почна во февруари 2002 година и траеше четири години, и никогаш не доби разрешница бидејќи тој почина од инфаркт на 64-годишна возраст