Манчестер Сити ја откри статуата на својот поранешен аргентински голгетер Серхио Агуеро пред стадионот „Етихад“, соопшти клубот.
Споменикот беше откриен точно 10 години по решавачкиот гол на напаѓачот против Квинс Парк Ренџерс за победа од 3:2, која на тимот му ја донесе првата шампионска титула во ерата на Премиер лигата.
Сити реши да му оддаде почит на својот најдобар голгетер во историјата на клубот, кој постигна 260 гола на 390 натпревари. Така, челичната скулптура се придружува на скулптурата на Дејвид Силва и Винсент Компани, кои беа откриени пред стадионот во јули 2021 година.
Sergio Aguero's statue is unveiled just 10 years on from his title-winning goal 🏆 pic.twitter.com/A6sfLIHqRt
— Manchester City News (@ManCityMEN) May 13, 2022
„За мене е многу возбудливо да се видам себеси пред стадионот 10 години подоцна. Во текот на овие 10 години успеав да освојам многу трофеи и да му помогнам на клубот да стане еден од најдобрите во светот. Многу сум му благодарен на Сити што направи статуата со признание за мојата кариера во Манчестер. Ова е многу посебен гест за мене“, изјави Серхио Агуеро.
„Ми беше чест да работам на проект кој толку многу им значи на навивачите на Манчестер Сити ширум светот“, изјави скулпторот Енди Скот.