10 градови во земјава имаат НУЛА активни ковид-случаи

од Nikola Popovski
302 прегледи

Според последниот извештај на Министерството за здравство, во 10 града во земјава нема активни случаи на Ковид-19. Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштп, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран се без активни случаи од коронавирус.

Се уште најголем број активни случаи има во Скопје, 126, а на ниво на целата држава активни со 351 случај.

Во седум града има двоцифрен број заболени додека во останатите места бројката на активни случаи е едноцифрена. Вчера беа регистрирани четири нови случаи, а во текот на последното деноноќи почина едно лице. Досега во земјата се направени вкупно 851.408 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, бројката на оздравени пациенти.

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници, потврди вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Тој порача дека граѓаните е важно да се вакцинираат бидејќи вакцините штитат од тешка форма на болеста и од смрт дури и кога се работи за индиската варијанта на вирусот. Филипче најави забрзан процес на вакцинација кон крајот на месецов.

Слични содржини