Секстингoт е уметност и за да бидете успешни во него, треба да се запознаете малку од малку со човекот, на кого пишувате и да ја погодите златната средина меѓу еротиката, провокацијата и романтиката.
Играњето со препреки, фрази и слики бара знаење и искуство. Ниту една жена нема да остане воодушевена да се разбуди од звукот на порака, што претставува слика на гол машки полов орган. Не се смејте, уште има мажи кои сметаат дека тоа е секси и функционира.
За жал, не е така! Еве 10 работи кои дамите би сакале претставниците на посилниот пол да ги знаат за секстингот:
1. Тој не треба да биде првата сексуална интеракција
Не пуштајте секс пораки и слики на човек со кого уште не сте се сретнале. Смешно е и глупаво. За да може да влијаат на човекот со слична комуникација, треба пред тоа или веќе да сте имале секс или барем да сте стигнале до “втора-трета база”. Секоја порасната жена знае дека маж кој го започнува разговорот на сличен начин, дефинитивно е површен и премногу директен, најверојатно без да има причина за тоа.
2. Не претерувајте
Во балансот е вистината. Последното што една жена го сака, е да си го пие кафето и на екранот нејзино да ѝ рипне слика со машката анатомија во детали или порака која што вели: “Ќе те растурам од **** е!”. Ова не само што ќе ја навреди, но и ќе ја одбие, предизвикувајќи ја да се чувствува како некој објект од кого сакате само едно.
Подобро почнете со нешто благо и романтично како: “Не можам да престанам да мислам на тебе”.
3. Бидете оригинални
“Во што си облечена?” е глупаво клише, кое нема да ви донесе “црвени точки”. Употребете малку креативност во секстингот.
4. Дознајте што ѝ се допаѓа
Има жени кои не паѓаат на “мрснишките приказни”, затоа е важно да процените каква е таа и што ѝ се допаѓа.
5. Не ја притискајте за голи слики
Ако таа не сака, нема да ви испрати свои голи слики, не инсистирајте. Притисокот само ќе ја напне и ќе ја одбие. Ако си играте правилно, наскоро може сами да откриете што се крие под облеката, а потоа да ја убедите деликатно да ве наградува од време на време со секси селфиња.
6. Без голи органи, молам!
Не учествувате во порно, а и се уште не знаете кој има пристап до нејзиниот телефон. Затоа е подобро да се воздржувате да не се фотографирате со спуштени гаќи. На крајот слични селфињта не се особено секси и влијателни, освен ако не е доцна вечер и веќе сте жестоко во страстите со провокативен еротски дијалог или таа самата не ви посочила дека очекува да го види.
7. Не се лутете дека не ви одговара веднаш
Додека за мажите е научно докажано ,, дека можат да се фокусираат на само една активност, дамите се способни за мултитаскинг. Ова значи дека додека таа си разговара со вас, веројатно прави уште неколку работи истовремено. Од оваа причина е можно одговорот да “виси” и да ја види пораката по часови, односно да ви одговори дури тогаш. Не го сфаќајте тоа лично, лош тајминг!
8. Можно е секстингот да е јавен
Ако сте пар, најверојатно таа ќе ги чува мрснишките пораки само за себе. Во случај дека се познавате од неодамна и се однесувате нападно и агресивно, има голема веројатност додека сте ја изгубиле можноста за секс, а таа се смее за обидите во друштво на пријателки.
9. Не ја усложнувајте комуникацијата
Секстингот треба да е едноставен, лесен за разбирање и несериозен. Не пишувате романи, има доволно автори на слична литература.
10. Забавувајте се
Не го земајте сериозно сè што си пишувате. И не очекувајте тоа да се реализира во 100%.