Најсигурен и наједноставен подарок за време на празниците носи по некое изненадување на must have листата оваа година.
Иако станува збор за подарок со кој не можете да утнете, од другата страна е подарок со кој сепак можете многу да згрешите. Причината за тоа е во сензибилитетот на личноста на која и го подарувате.
Во овие ситуации најмногу помага обрнувањето внимание на некои детали: период до годината во која се подарува парфемот (зимски или летни ноти), како и листата на популарни парфеми.
На актуелната новогодишна листа се најдоа имиња на парфеми кои се подразбираат. Имено, во прашање е малку полуксузна листа на мириси, тешки и слатки како и проверени имиња.
Интересно е дека покрај големиот избор на парфеми и оваа година на бестселер листата се наоѓаат култните класици.
1. Коко Мадмазел, Chanel
2. Либре, YSL
3. No.5, Chanel
4. Мис Диор, Dior
5. Idôle, Lancôme
6. Блек Опиум, YSL
7. Ејлиан, Mugler
8. J’adore, Dior
9. Ла ви е бел, Lancôme
10. Леди Милион, Paco Rabanne