10 посто раст на просечна нето плата

од Берта Китинска
481 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 110.0.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28.3 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.3 %), Уметност, забава и рекреација (3.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2.9 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2021 година, изнесува 42 441 денари, информираа од ДЗС.

Слични содржини