
Двејн „The Rock“ Џонсон, кој ја започна својата професионална кариера како борач, е едно од најпрепознатливите лица на големото платно. Досега сме го гледале во десетици филмови, и со секој поминат, тој се повеќе ја зацврстува својата позиција како една од нашите најомилени sвезди.
Неодамна, Џонсон, кој се ожени со својата девојка Лорен Хашијан на Хаваи по 12-годишна врска претходно овој месец, од списанието „Форбс“ е прогласен за најплатен актер во светот.
Во последните 12 месеци, „Карпата“ заработи 89,4 милиони долари, а неговата вкупна состојба изнесува 320 милиони долари.
Тој е несомнено еден од најуспешните мажи на планетата, откако со секој чекор напред составил своја формула, која води кон самиот врв.
Еве 10 совети за успех од светски познатиот актер и сопственик на неколку бизниси:
„Успехот не секогаш лежи во величината, туку во постојаноста. Постојаната и напорна работа води до успех. Величината ќе дојде сама“.
„Успехот, на било кое поле, се сведува до фокус и напор, а ние ги контролираме и двете“.
„Размислете за тоа каде сте биле пред 5 години, а потоа погледнете каде сте денес и конечно запрашајте се што сакате да постигнете во следните 5 години. Не запирајте пред ништо“.
„Бидете оној, кој станувајќи наутро, го предизвикува ѓаволот да рече: „О, не! Тој стана!“
„Крв, пот и почит … Првите две ги даваш, последното треба да го заслужиш“.
„Кога стоите пред вратата, зад која стојат добри можности, не тропајте на неа – растурете ја! Потоа насмевни се претстави се!.
„Дозволете вашите дејствија да зборуваат за вас, освен ако не кажувате добра „валкана „шега“.
„Кога животот ќе ве стави во тешка состојба, не прашувајте: „Зошто јас?“, кажете: „Ајде, пробај ме!“
„Разбудете се со решителност, легнете си задоволни“.
„Постојано ме прашуваат која е тајната на успехот, но вистината е дека не постои такво нешто. Треба да бидете смирени и секогаш да бидете најработливата личност во собата“.