Турската полиција со гумени куршуми ги растера учеснците во годинашнава геј парада на плоштадот Таксим во центарот на Истанбул, еден ден откако властите го забранија настанот, пренесоа агенциите. Полицијата истрела гумени куршуми против 40 демонстрнти.
Бројот на полициските сили го надмина на оние кои сакаа да учествуваат во парадата објави турскиот весник на англиски јазик Хуриет дејли њуз.
Десет лица беа приведени, пишува весникот. Полицијата интервенираше при судир на група луѓе кои се против одржувањето на парадата и еден активист на ЛГБТ заедницата (лезбејки, геј, бисексуалци и транссексулаци).
Полицијата уапси седум лица противници на парадата и тројца од активистите кои се обидуваа да се вклучат во настанот на Таксим, објави Хуриет дејли њуз.