100.000 денари од општина Центар за семејството на жената донор на срце и бубрези

од Nikola Popovski
266 прегледи

На денешната седница на Советот на Општина Центар ја усвоивме одлуката за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, нашата сограѓанка и жителка на Центар, која ги донираше своите органи и спаси три човечки животи, објави градоначалникот на општината Саша Богдановиќ, додавајќи дека ова е најмалку што можат да го направат и да се заблагодарат на семејството Василковски за најхуманото сторено дело, за човечноста и за големината да се биде човек.

„Од Буџетот на Општина Центар ќе бидат обезбедени 100.000 денари. За Јасмина, жената-донор на срце и бубрези“, напиша Богдановиќ.

Ова е трет случај на трансплантација на срце во земјава. Претходно донори беа Емилија Динева и Верица Белчовска и двете трагично загинати во сообраќајни незгоди.

 

Слични содржини