102 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Синоќа во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 102 возачи.

Од нив најмногу на подрачјата на СВР Скопје – 25, СВР Битола – 19 и СВР Куманово – 14.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.