107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Синоќа во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија.

Санкционирани се 107 возачи, од нив најмногу на подрачјето на СВР Струмица – 20.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.