Во четврток на дневен ред онлајн седниците на Собранието

642 прегледи

Во четврток на дневен ред на седницата на Собранието ќе биде Предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, што предвидува вклучување на далечина на пратеници со Ковид-19 и во самоизолација во работата на Параламентот и работните тела.

Координаторите на пратеничките групи на опозициските партии денеска претпладне не присуствувале на редовната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а причина за тоа, како што наведуваат, е, меѓу другите, ставањето на Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието без договор со опозицијата. Се доведува во прашање и учеството на опозициските пратеници на координативните средби и на пленарни седници.

Сепак, владејачкото мнозинство ќе треба да чека момент кога во салата ќе има доволен број пратеници за да ги донесе дополнувањата на Деловникот.

Имено, се предвидува на членот 30 од Деловникот, да се додадат уште два става, кои се однесуваат на здравствената состојба и како треба пратеникот да постапи.

„Доколку присуството на пратеник на седница на Собранието претставува ризик за здравјето на останатите пратеници, пратеникот е должен за тоа веднаш да го извести претседателот на Собранието и да го извести дека на седницата ќе учествува и одлучува од далечина. Пратеникот истовремено електронски му доставува на претседателот документ од надлежен орган со кој потврдува дека не може лично да присуствува на седница на Собранието“.

Слични содржини