110 милијарди евра за спас на француската економија

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Долниот дом на францускиот парламент го одобри буџетот за итни случаи за владината програма од 110 милијарди евра за да се спаси економијата од колапсот предизвикан од коронавирусот.

Буџетот, кој беше одобрен во текот на ноќта, предвидува исплата на бонуси на медицинскиот персонал, средства за да им се помогне на работниците и семејствата, како и финансиска поддршка на деловните субјекти, вклучувајќи стратешки индустрии како што се авијацијата и производството на автомобили, пренесе АП.

Нацрт-законот за буџетски кризи треба да биде одобрен од Сенатот во вторник.

Владата деновиве предупреди дека француската економија, една од водечките светски економии, може да падне за осум проценти оваа година и да ја запише најлошата рецесија по Втората светска војна.