Државниот завод за статиститка денеска (20.07.2021) го објави конкурсот за попишувачи и реонски инструктори. Заинтересираните граѓани ќе можат да се пријавуваат до 5 август.

Со конкурсот се бараат околу 5.080 попишувачи, 510 инструктури, и околу 150 државни инструктори вработени во Заводот. Заедно со резервните попишувачи, во процесот на попишување на населението ќе бидат вклучени околу 6.000 лица. Обуките за попишувачите ќе започнат во втората половина на август и ќе траат повеќе од една недела.

Според директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски  попишувачите ќе ги  почитуваат  здравствените протоколи, препорачани од Комисијата за заштита од заразни болести.  Симовски за Локално вели дека доколу во меѓувреме има нови здравствени препрораки ДЗС ќе ги почитува.

-Очекуваме и поскауваме најголемиот дел од кандидатите кои ќе се припјават за попишувачи да бидат вакцинирани. Ако не се ќе организираме нивно вакцинирање. Со Министерството за за здравство веќе договоривме да ни чуваат вакцини за нашите идни попишувачи, рече Симовски за „Локално“.

Б.Т

Слични содржини