12 години подоцна, Роналдо се враќа на „Театарот на соништата“ ?

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Португалскиот голгетер Кристијано Роналдо ова лето дефинитивно го напушта Јувентус.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ бара нова средина, а Манчестер Јунајтед е потенцијален купувач.

Англискиот клуб веќе го контактирал Роналдо во врска со можното враќање по 12 години.

А тоа го сторил менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, повикувајќи го Роналдо директно на телефон и велејќи му дека би сакал да го види во дресот на „црвените ѓаволи“.

Роналдо се уште нема донесено одлука каде да ја продолжи кариерата, но никогаш не ја криел посветеноста кон клубот од „Олд Трафорд“, каде играше од 2003 до 2009 година.

Тој ги освои Лигата на шампионите, три трофеи од Премиер лигата, ФА купот, два Лига купа и Светското клупско првенство, пред да се пресели во Реал Мадрид како најдобар играч во светот за тогашен рекорд од 94 милиони евра.

Португалецот нема голем избор, бидејќи Реал одби да го врати, Пари Сен Жермен е тивок, а во моментов не сака да се врати во Лисабон и дресот на Спортинг.

Јунајтед се појавува како најреално решение …