125 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Денеска (08.12.2022) во времето од 10:00-14:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 125 возачи. Од нив 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 28 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат оттаму.

Слични содржини