13 работи кои ги правите поради кои не им се допаѓате на луѓето околу вас

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Повеќето луѓе имаат барем една приказна за тоа како некој не им се допаднал на прв поглед, но подоцна испаднал душа од човек. Кои работи се тие поради кои луѓето ќе го уништат првиот впечаток?

Првиот впечаток  е многу важен и тешко може да се поправи. Затоа внимавајте на следниве работи:

  1. Истражувањето на Универзитетот во Биргминтон покажало дека премногу фотографии на социјалните мрежи може да му наштетaт на вашиот социјален живот.

Тоа е затоа што луѓето, освен блиските роднини и најдобрите пријатели, ги одбива големата количина на селфија кои поединецот ги дели на социјалните мрежи.

  1. Имате премногу или премалку пријатели на Фејсбук

Според истражувањата на Универзитетот Мичиген  најдобро биле оценети оние профили кои имале 300 пријатели, Оние со 100 пријатели имале ниски   резултати а исто така и оние кои имале над 300 пријатели. ЛУѓето со премногу Фејсбук пријатели изгледаат како премногу да се трудат, па изгледа дека ги додаваат луѓето од очај а не поради популарност.

  1. Откривање на нешто лично рано во врската.

Општо луѓето се чувствуваат многу поблиски со луѓето кои им довериле нешто лично.Отворањето и зборувањето за личните работи се покажало како најдобар начин возрасните луѓе да стекнат нови пријатели. Но откривањето на детали за себе или своите блиски ,на пример дека сестра ви има афера или најблискиот пријател дека има ХПВ , само ќе има спротивен ефект. Тајната е во добрата проценка колку лично треба да се оди.

  1. Некој ви се отвора, а вие со него не делите.

Ако со некој зборувате за лични работи, во нормалната комуникација прво едната особа ќе дели, а другата ќе слуша, а потоа обратно.Во ситуацијата кога ќе изостане делењето од другата личност, првата личност која поделила нешто лично ,се затвора и исчезнува блискоста која била потенцирана со ваквото лично отворање.

  1. На профилот имате фотографија со главата во полн план.

Истражувањето на Универзитетот во Калифорнија покажало дека фотографиите на нечие лице на 45 цм оддалеченост се сметаат за помалку атрактивни од оние на 135 цм оддалеченост.

  1. Сокривањето на чувствата

Истражувачите од Универзитетот во Орегон гледале 4 различни видеа каде поголем дел од луѓето ја глумеле својата реакција, а дел од луѓето биле искрени. Студентите покажале дека оние кои ги придушувале своите чувства биле помалку симпатични од луѓето кои имале искрени реакции.Луѓето не се поврзуваат со други луѓе случајно. Секој си бара слична личност на себе, некој кој во тој однос ќе вложи иста количина на труд и емоции .

  1. Предобри сте

Логично е дека штом човек е подобар кон луѓето, што повеќе покажува алтруизам и чувства кон својата околина дека ќе им се допадне на луѓето околу себе. Но истражувањето на универзитетот во Вашингтон покажало поинакви резултати. Студентите кои учествувале во истражувањето требало да играат онлајн игра со 4 различни партнери,кои истражувачите ги симулирале. Секој од испитаниците е поставен во една група од 5 играчи  кои не ги виделе и во текот на семестарот со  своите соиграчи собирале бодови во играта. На крајот на семестарот играчите кои имале прилика да заменат некои или сите свои бодови за купони во ресторанот на Универзитетот. Некои од симулираните играчи алтруистично дале многу бодови за само пар купони. Овој потег нималку не им се допаднал на вистинските испитаници , кои коментирале дека никогаш повеќе не би играле со таква личност.

  1. Прикриено фалење

Никој не сака кога се фалите на начин да се критизирате. Самофалењето презентирано низ критика , како на пример дека премногу работите за свое добро, или дека сте насочени кон помагање на другите и немате воопшто време за себе, тоа се очигледни фалења кои сите ги препознаваат и никому не им се допаѓаат.

  1. Нервоза

Нервозата поттикнува потење, а истражувачите советуваат во ниедна ситуација да не „замирисате„. Миризбата на вашата пот потсвесно ќе влијае на мислењето на луѓето околу вас.

  1. Ретко се смеете

Истражувањето спроведено во Вајоминг покажало дека на студентите на кои им се покажани фотографии со насмеана жена повеќе им се допаднале отколку другите, каде жената на фотографијата била сериозна.Резултатите покажале  дек фотографиите на кои жената се смее, без оглед на ставот на телото се попривлечни. Колку повеќе човек се смее , толку ќе биде попривлечен  на својата околина и подобро ќе се чувствува.Луѓето би требало да вложат повеќе труд за да се смеат повеќе секојдневно, на малите работи со луѓето во околината.

11.  Се однесувате како некој да ви се допаѓа

Психолозите веќе некое време знаат за феноменот кој го нарекле „Реципроцитет на допаѓање„, а  се однесуваат на ситуацијата кога човек мисли дека некому му се допаѓа и на тој темел таа особа почнува да и се допаѓа на првата особа. Научниците сметаат дека луѓето кои мислат дека некому му се допаѓаат имаат попозитивен пристап кон тие луѓе и дека тие  повеќе им се допаѓаат отколку оние од кои не добиле реакција.Значи, дури и ако не сте сигурни дека му се допаѓате некому или не , секогаш одете со позитивен став и однесувајте се како таа особа да ви се допаѓа.

  1. Имате тешко изговорливо име

Ова не е чесно, но за жал е вистинито. Истражувањата во Универзитетите во Мелбурн и Њујорк покажале дека луѓето кои имаат комплицирани имиња полошо  се оценуваат од оние кои имаат „убави „имиња.

  1. Постојаното споменување на контактите со личностите кои ги знаете и со кои сте добри,

Знае да биде примамливо во разговорот со луѓето кои сакате да ги импресионирате ако спомнете некоја позната личност, со која случајно сте биле на факултет или средно училиште, но ваквиот облик на фалење знае да биде одбивен ако е пренагласено. Ваквите особи кои се фалеле ги опишале како неспособни и антипатични.

С.В.