130 решенија од по 7 000 денари за семејствата со новороденче во Центар

од Vladimir Zorba
232 прегледи

130 решенија на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче додели денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Оваа парична помош во висина од 7.000 денари, Општина Центар ја доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.

На семејствата Герасимовски покрај решенијата им подели пригодни подароци од компаниите Реплек, Хип и Веледа и бесплатни педијатриски услуги од Клиника Жан Митрев.

„Овие дечиња се наша најголема радост и причина да направиме поубаво и подобро општество. Затоа мојата заложба како градоначалник е да инвестираме во детската заштита и создавање подобри услови за нега, образование и воспитание. Мило ми е што денеска запознав дел од нашите најмлади сограѓани, им посакувам добро здравје и среќно и безгрижно детство“, изјави Герасимовски на доделување на решенијата.

За добивање на парична помош за новороденче, според Правилникот, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барачот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е до 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Со оваа активност, Општина Центар покажува грижа за најмладите жители, бидејќи децата се најголемата радост за секое семејство.
Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите кои претставуваат најголема радост за секое семејство. Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Слични содржини