169
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Центар изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 9 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 21 мерка за користење на мобилен телефон.