138 сообраќајни прекршоци во Скопје

од Vladimir Zorba
435 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36, 9 санкции за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирано возило, две за минување на затворен семафор (црвено светло).

Изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон, 10 за управување под дејство на алкохол, 46 мерки за непрописно паркирање.