14-годишно момче загина по тешка сообраќајна несреќа во Марино

од Vladimir Zorba
706 прегледи

14 годишно момче (А.Р.) од скопската населба Миладиновци загина денеска во тешка сообраќајка во Марино, Општина Илинден, пренесе ТВ „Сител“.

Момчето кое возело мотор починало на лице место откако автомобил му го пресекол патот и се судриле.

Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.