14 смртни случаи од Ковид-19, по четворица од Скопје и Тетово

од Nikola Popovski
178 прегледи

Според последниот извештај на здравствените власти, во последното деноноќие во земјава регистрирани се 14 починати лица од коронавирус.

Има по 4 починати лица од Скопје (54г,68г,69г, и 84г), и Тетово (49г,67г,68г и 81г), 3 починати лица од Гостивар (49г,72г и 74г), по едно починато лице од Куманово (72г), Охрид (82г) и Виница (77г).

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.

Слични содржини