148 санкционирани возачи во Скопје, 24 возачи на мотоцикли

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 24 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник…