149 Протест на исклучените од системот за парно греење

од desk4
58 прегледи

Исклучените од системот на Топлификација денеска пред Регулаторната комисија за енергетика ќе го одржат 149-от редовен протест.

Во објавата пишува дека бараат сметките за парно греење да бидат минимум 30% пониски. На протестот, како што информираат, ќе биде презентиран и доказ дека тарифникот на Регулаторна комисија за енергетика е погрешен и постојат сомненија дека ниту имало седница кога е донесен, ниту го донело стручно тело. На денешниот протестот ќе се собираат и потписи против незаконското работење на извршителите.