15-годишник почина од коронавирус во Црна Гора

од Nikola Popovski
322 прегледи

Во Црна Гора во изминатите 24 часа од Ковид починале шест лица, меѓу кои и едно 15-годишно лице, а од 1.938 обработени тестови, 210 биле позитивни, соопшти Институтот за јавно здравје во Подгорица.

Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора се регистрирани 160.111 случаи на коронавирус, а починале 2.360 пациенти.

Во изминатиот ден оздравени се 178 пациенти, а моментално се активни 1.821 заболени.

Слични содржини