194
Според најновиот извештај на Министерството за здравство, починати се 15 лица од коронавирус во последните 24 часа.
Билансот по градови изнесува: четири пациенти од Скопје (47, 58, 81 и 56г), еден од Куманово (35г), двајца од Струга (75 и 64г), еден од Велес (70г), двајца пациенти од Битола (70 и 56г), еден од Охрид (80г), еден од Кавадарци (73г), еден од ПЕ Гевгелија/ Богданци (63г), еден пациент од Крива Паланка (65г) и еден пациент од Неготино (67г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата изнесува 2488.