Животот ни е премногу краток за да губиме од своето време за работи кои не би нè допреле и не би ни испорачале задоволство. Навистина нема подобро време од сегашноста, за да го насочиме целиот фокус кон она што сакаме да го постигнеме во оваа фаза од животот.
Сепак за некои работи определени периоди од животот ни се најпогодни. Што пример е добро да чкртнеме од листата пред да наполни 30?
1. Да ја искористиме секоја слободна недела, за да излеземе надвор со пријателите.
2. Да се направи тетоважа или нов пирсинг, ако тоа ни е стилот.
3. Да ги посетиме сите винарии во кои толку сакаме да одиме.
4. Да се запишеме на курс по готвење.
5. Да ја собереме целата група пријатели и да го зачуваме целиот викенд, кој ќе го посветиме на забава и алкохол.
6. Да правиме јога на плажа, или дури и на покривот, додека го гледаме изгрејсонцето.
7. Да патуваме сами.
8. Да го реновираме станот.
9. Пред да наполниме 30, треба да научиме барем еден странски јазик.
10. Да земеме домашно милениче или две.
11. Да се обидеме да направиме добрина за некој непознат секој ден.
12. Да организираме патување низ земјата.
13. Во периодот пред 30-тиот роденден би било одлично доколку ги именуваме и совладаме, ако не сите, барем повеќето од своите стравови.
14. Да им покажеме на блиските колку ги сакаме, по можност – секојдневно.
15. Да одбереме хоби што ќе нè предизвика да излеземе надвор од зоната на комфорот.