150 000 луѓе емигрирале од Косово за последните месеци

од Vladimir Zorba
113 прегледи

До сега 150 000 луѓе го напуштиле Косово, пренесуваат локалните медиуми. Од почетокот на август, кога започна масовната емиграција од земјата, до декември 100 000 луѓе ja  напуштиле најмладата балканска држава. Во рамките на последните седмици од декември до сега од Косово емигрирале 50 000 луѓе.

emigrantite-od-kosovo-zaminuvaat-za-albanija-a-potoa-za-crna-gora-227270

Ако овие податоци се точни, тоа ќе значи дека за последните месеци Косово напуштиле 6% од населението на земјата. Според институтот за статистика населението во земјата брои  1,8 милиони луѓе.

Експертот по демографија проф. Рифат Блаку изјави дека емиграцијата може да доведе до фатални последици и да создаде сериозни демографски тешкотии во земјата.