150 санкционирани возачи во Скопје, 62 за брзо возење

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, три санкционирани возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници, три санкционирани возила за минување на затворен сигнал-црвено светло.

„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштуваат од МВР.